Мицкоски додаде дека последниот изговор е спорот со Бугарија, кој што реално е новосоздаден и не постоеше претходно во рамки и граници како сега. Тој е производ на пазарџиската политика на премиерот Заев кој им создава очекувања на Бугарите и прифаќа нешто што нема да му помине дома.
-Има огромен број на изневерени очекувања и неостварени ветувања, пред се во поглед на економијата и стандардот на граѓаните. И покрај сето ова власта поточно Заев излегува со слоган дека тој бил најдоброто за граѓаните. Затоа велам имаме избор да се продолжи по старото или конечно работите да се променат и да се тргне кон промени, проекти и победи кои ќе донесат нова иднина, нагласи Мицкоски.