Македонијо благодарам. Промените доаѓаат. Македонија повторно твоја! Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по завршувањето на сенародниот собир пред Влада во организација на ВМРО ДПМНЕ, а со кој се одбележа почетокот на кампањата за Претседател на Република Македонија на кандидатката Проф. Др Гордана Силјановска Давкова.
-Ова не се обични времиња, ова не се обични избори. И ова може да е и нашата последна шанса, да ја вратиме Македонија која ја сакаме. Ова е нашето време, да се обединиме во заедничката цел. Да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации. Народот доаѓа по своето… Доаѓа по тоа што му е одземено. Доаѓа по Македонија! Нашиот момент е сега! Државата е твоја и време е да си ја вратиш во свои раце! Македонија повторно твоја! Промените во твои раце!, потенцира Мицкоски.