Пратениците на опозицијата беа во салата и чекаа да почне 36 седница на која ќе биде сетот мерки за економијата. Како претседател на Собранието Талат Џафери е тој што треба да најде начин да создаде хармонија и да работи  во интерес на граѓаните, изјави Христијан Мицкоски во емисијата Само интервју на Канал 5.

Не може да каже Талат Џафери  дека се грижи за граганите, а да не ја закажува 36 седница и законите да се изгласаат,   наместо да изиграва политиканство.

Ние не условуваме, закони кои они сакаат на насилен начин да ги поминат и не се почитува опозицијата и да не прифатат ниту еден амандман. Ние му рековме ставете ја 36 седница . Тотално не е битна  32 седница. Пратеникот Муцунски ги помина сите на Комисија. Талат Џафери може дома да биде навреден, а не во Собрание. Спикерот не треба да користи само привилегии, треба таму на столчено да најде начин како да се обезбедат законите. И на комисиска расправа ВМРО ДПМНЕ имаше амандмани кои беа одбиени, еве не навлегувам во тоа. И сега доаѓаме на Седница , ниту еден Амандман не усвоен, имавме 30 , не е усвоен ниту еден. Се додека насилно се однесуваат, насилно ќе добијат назад. Кворумот беше таму, пратениците чекаа да гласаат , законот за антикорупција на Љупче воопшто не е важен . Нечии хирови и фрустрации ќе трпиме таму, изјави Мицкоски.

Наместо да се дереш треба да најдеш решение. Вака ако продолжи парламентот да функционира , тој нема да  функционира. Ние како ВМРО ДПМНЕ два пати нудиме решение.