Луѓето кои мислат дека сè може да им пројде, нека заборават дека секој нивни спин, секое нивно подметнување, може да помине кај овој народ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од централниот митинг во Скопје.

Нема лева Македонија, нема десна Македонија, има една заедничка Македонија! Нема сдсмовска, вмровска Македонија, има само една заедничка Македонија! Нема Македонија поделена по етничка или верска основа, не, туку таа е заедничка, една Македонија! Нема наша и нивна Македонија! Има една заедничка Македонија! Нема либерална, и конзервативна, прогресивна и назадна Македонија! Има една заедничка Македонија! Уплашените сакаат да ја делат нашата земја, сакаат да предизвикуваат нови теми на поделба сакајќи да си го заштитат криминалот кој со години, а некои и со децении го прават на грбот на нашиот напатен народ, сакаат да има проблеми, да креираат страв, да кажуваат како ние ако дојдеме ќе има етнички проблеми, ќе има барок, не ни знаат веќе што зборуваат, нема ни логика сето тоа… јас на нив им кажувам – не нè поделија посилни од вас, нема ни вие, има само, само една заедничка Македонија! Нема црвени општини и сини општини, има општини на луѓето на Македонија!

И сите ние, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати, христијани, муслимани, Евреи, атеисти, сите ние веруваме во својот живот и во својата судбина и во правото да го живееме тој живот достоинствено, во ред и прогрес, а не врзани за измислени поделби на наши и ваши.