-Колку ги чини граѓаните на Македонија политиката на Зоран Заев:
- Буџетскиот дефицит (повеќе потрошени пари од собрани) за периодот од 1 јануари 2021 до 22 јуни 2021 изнесува 17,7 милијарди денари или 287 милиони евра. Тоа е нов долг за Македонија и граѓаните.
- Во периодот од 1 јануари 2021 до 22 јуни 2021 Владата на Зоран Заев и СДСМ го задолжи секој граѓанин за нови 8.840 денари или за 143 евра.
- Од новиот долг што го направи Владата на Зоран Заев и СДСМ во капитални инвестиции потрошени се само една третина од парите. Каде исчезнаа останатите две третини од потрошените пари или околу 190 милиони евра?
За неколку месеци од денес граѓаните одлучуваат дали сакаат да живеат во ова секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе.
#ОдговорностЌеИма
#МакедонијаЗаСитеЛуѓе
Мицкоски откри колку ги чини граѓаните на Македонија политиката на Зоран Заев
М
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша колку ги чини граѓаните на Македонија политиката на Зоран Заев.