Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на една панична реакција на Владата во онаа доцно вечерна итна или како што тие ја нарекоа вонредна прес конференција која што беше резултат на еден конкретен констуктивен предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како да ги ублажиме последиците од енергетската криза која што постепено ни се трансформира во економска криза, а потоа во социјална и конечно на крај во општествена криза. Државата во овој момент е навистина загрозена. Нејзиното функционирање од оваа неспособна и криминална власт е загрозена, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.
-Во текот на вчерашниот ден лично на јавноста и го претставив планот како да обезбедиме дополнителни количини на електрична енергија и топлина за граѓаните и индустријата, а со тоа да обезбедиме и конкурентно работење на индустријата без да има затварање на претпријатијата, без да има отпуштања на работниците.
Но, тоа што се случува во изминатиот период е комплетно игнорантски однос од страна на владата кон стопанството, но исто така и надмен однос од страна на влада кон предлозите на опозицијата, наместо да биде конструктивна, да ја прифати понудата, да седне да разговара и преговара, таа вечерта организираше би рекол прес конференција за да каже ништо, а само да ја задоволи сопствената суета и да одговори на понудата која што ВМРО-ДПМНЕ претходно ја претстави во јавноста.
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани ќе ми дозволите уште еднашка да ги кажам клучните поенти на понудата која што ВМРО-ДПМНЕ ја претстави во јавноста. Имено клучна поента е дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство добиени со користење на евтин ресурс за стопанството и економијата, да може бизнисот да се развива, а работниците а ги задржат своите работни места.
Дополнителни количини на топлина за да може скопјани и сите корисници на централното греење во главниот град Скопје да не плаќаат повисоки сметки за затоплување на нивните институции и домови, вели Мицкоски и додава:
„Заштеда од минимум од 300 милиони евра, пари кои што оваа влада ќе ги потроши во периодот кој што следи, граѓански, народни пари, кој што ги нема, а ќе ги земе преку скапи кредити, задолжувајќи се на домашниот и меѓународниот пазар.
Понатаму, зголемување на бруто домашното производство, наместо да коленичиме и да се понижуваме околу, во соседна Бугарија, соседна Бугарија, соседна Грција, малку подалеку во регионот, Турција и да бараме како просјаци, да си го организираме домашното производство и домашните енергетски комбинати да можат да произведуваат за потребите како на граѓаните, така и на индустријата. На тој начин ќе го зголемиме бруто домашното производство и ќе го зголемиме бруто производство на енергија.
Од тоа што можевме вчера да го слушнеме на таа вонредна прес конференција на владиниот тим можеме да заклучиме дека слушнавме многу „ќе“, а ништо завршено со точка.
Затоа ја користам оваа прилика, почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, за да нема дилеми, за да нема недоречености да го повикам првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски јавно заедно двајцата да избере медиум, ден и време кога ќе зборуваме пред македонската јавност за тоа што нудам јас, што нуди опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ, а што нуди Владата т.е. што не нуди Владата.
Повторувам за да нема забуни, за да нема дилеми го повикувам Димитар Ковачевски да одбере медиум и време кога заедно ќе се соочиме пред македонската јавност бидејќи сега не е време за политиканство и политики. Не е време за надмен, нервозен и емотивен однос. Сега е време за одговорност, сега е време како да им помогнеме на граѓаните, како да и помогнеме на Македонија.
Почитуван господине Ковачевски,
Изберете време, изберете медиум, немојте да дезертирате, јас таму ќе ве чекам“.