Немаме никаква информација за законот со кој владата сака да го имплементира концептот за образованието на Мила Царовска, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на на новинарско прашање на денешниот брифинг.
Тој вели дека тие немаат инфо за законот со кој треба да се укинат ученици, а во врска со европското знаменце за законот смета дека новинарите треба да го прашаат амбасадорот на ЕУ во Скопје Дејвид Гир за неговата и позицијата на Брисел за концептот кој Владата сака да го спроведе преку министерката Цароска.