Регионалниот пат Гевгелија- Ново Конско ќе се реконструира, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Дел од регионалниот пат од Гевгелија до браната Конско идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го реконструира, бидејќи истиот е во катастрофална состојба.
Реконструкцијата ќе опфаќа негово проширување, како и одбележување со вертикална и хоризонтална сигнализација.
Овој патен правец е од особено значење поради тоа што ја поврзува и туристичката населба Смрдлива вода, како и Ски центарот Кожуф, како и за стопанството во општина Гевгелија.
Овој регионален пат го користат и жителите на 3 населени места Моин, Ново Конско и Конско и преставува врска со населените места Ума и Серменин.
Важно е да го развиваме туризмот. Важно е да инвестираме во руралните средини“ – истакна Мицкоски.