Се опростуваме од човекот кој сиот свој животен век го посвети на својата татковина. Ја поттикнуваше љубовта кон Македонија, но беше и неуморен критичар кон политичките и општествените процеси. Своето големо искуство секогаш го ставаше на располагање пред сите нас. Владимир Змејковски во нашите сеќавања ќе остане запаметен како голем човек. Почивај во мир, напиша Мицкоски.

На социјалните мрежи се простуваат од Владимир Змејковски од Форумот на слободоумни патриоти. Змејковски беше еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информации од потесното семејство, Змејковски починал по долго боледување, пишува Плусинфо.

Голем број членови и симпатизери на партијата, како и почитувачи на самиот Змејковски денеска преку социјалните мрежи се простуваат од него, со фотографии и последни пораки.