Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Радовиш, порача дека не прави пактови со криминалците и измамниците и му порача на Заев дека е за исчистена Македонија од криминалци и измамници како оние на власт.
Од овие локални избори зависат многу работи, сите поврзани со иднината на нашата Македонија, изборот е едноставен на овие избори или ќе продолжи корупцијата, криминалот, хаосот, немањето правда, стагнацијата на државата, експериментите во образованието, пропаѓање и нехуман однос кон земјоделците, предавствата или ќе создадеме сите заедно една нова, поинаква, различна и подобра иднина, истакна Мицкоски.
Тој праша дали народот е подготвен да им подари нови четири години на истите луѓе кои веќе два пати до сега ги изневерија очекувањата, даваа лажни ветувања и потонаа во својата моќ и ароганција, во корупција играјќи си со животите на граѓаните, дали радовишани живеат најдобро, нивната ароганција која му пречи на народот е содржана во нивниот слоган, вели Мицкоски.
Педесет и два месеци Зоран Заев го возат во службени лимузини, 52 месеци семафорите се палат и гасат за Заев, 52 месеци ги злоупотребува привилегиите на власта, а што има за возврат направено за народот, нормално ли е да се вози премиерот во ново патничко возило БМВ, додека народот страда за леб, земјоделецот едвај врзува крај со крај, како пред некој ден во Велес, Бентли и Мајбах да е возниот парк на функционерите од власта, како ги заработија овие пари и кога, одлепеноста од реалноста говори дека не знаат како говори овој народ, 52 месеци се власт, а имаат потрошено 16 милијарда евра народни пари, а гледате ли некој нов автопат кој самите го изградија, а ветија 500 километри автопати, ветија раст на економијата од 5 % годишно, а просекот во овие месеци е скромни 1,25%, за овие 52 месеци секое семејство го задолжија за 4.500 евра за да може да трае политичката кариера на Зоран Заев, ете толку не задолжи Заев за да може да краде и да ужива во привилегиите, посочи Мицкоски.
Тој вели дека повисоките цени го јадат семејниот буџет, половина милион луѓе живеат со сто и педест денари на ден, а покачени се цените на маслото, млекото, брашното, а денеска по кој знае по кој пат се покачи и цената на бензинот,а се најавува и она кое ВМРО-ДПМНЕ го говореше покачување на цената на струјата, а платите не се доволни за подмирување на основните потреби.
Додека гореа 14-те луѓе во Тетово, Заев следниот ден го достави Законот за марихуана во парламентот за да му помине и да му дозволи семеен извоз , нема ден без скандали, нема скандал со правна завршница, одговорот на ова од страна на власта е дефокусирање и релативизирање ,а тие почитувани радовишани сакаат да мислите дека сите сме исти, да мислите дека без нив нема иднина, а во суштина тие се кочницата за нашата заедничка иднина, вели Мицкоски.
Тој истакна дека Заев вчера во Тетово говорел за „чиста Македонија“ во некаков етнички контекст и истото го поврзувал со ВМРО-ДПМНЕ.
Го гледам и се чудам, тој е убеден дека со уште една нова лага, ќе им се прикаже за спасител на другите заедници, а ние да бидеме лошите, оние назадните, прво никогаш не сум изговорил таков збор, тоа не е дел од мојот речник ,тоа не е дел од моето размислување, но еве што го споменал зборот „чиста“, да му одговорам, јас сум за исчистена Македонија од криминалци и измамници како што сте вие, му порача Мицкоски на Заев.
Мицкоски посочи исто така дека не сака криминалци и измамници да ја влечат Македонија назад и не сака пактови со истите.
Се што ветија-излажаа, така ќе биде и сега. Немаат кредибилитет за работа. За Радовиш ветија гасификација, 2 нови детски градинки, игралишта, нова катна гаража, спортска сала во Подареш. Пепел. Ништо не направија. Така ќе биде и сега. Затоа не им верувајте.
Нам ни треба да создадеме нова иднина. Нова иднина основана нан надеж и шанси за обичниот човек. Надежта е способност да се види дека постои светлина и покрај сите темнини, рече Мицкоски.