Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир.

Мицкоски кажа дека државата мора да се трансформира во секое поле и да се подобри значајно животот на луѓето.

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ своето делување ќе го базира исклучиво на законите, и злоупотреби како претходната влада во минатото со европското знаменце нема да се применуваат. Заклучок е дека граѓаните заслужуваат европска иднина, и таа мора да дојде што побрзо, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.