На средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги афирмираше добрите билатерални односи на Австрија со Македонија и се заблагодари за принципиелната поддршка за евроинтеграцискиот пат на нашата земја.

Мицкоски нагласи дека отворањето на пристапните преговори, без дополнителни услови надвор од основачките принципи на ЕУ, треба да се случи час поскоро. Истовремено, во Македонија се потребни суштински реформи во правосудниот систем и борбата против корупцијата, а за жал во последните години гледаме постојано назадување токму во тие области.

Мицкоски и Едштадлер разговараа за потребата од систематски реформи насочена кон правна сигурност, деполитизација на правосудството и јавниот сектор како и зголемена економска и трговска соработка помеѓу Македонија и Австрија.

Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, May 4, 2021