Остварив успешна средба со генералниот секретар на Европската Народна Партија, Antonio López-Istúriz и пратеник во Европскиот парламент. Лопез-Истуриз е помеѓу најблиските соработници на претседателот на Шпанската сестринска народна партија (Partido Popular) Пабло Касадо, напиша претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Шпанската народна партија победи во Мадрид на локалните избори и разговаравме за идна соработка на престојните локалните избори во Македонија, заеднички да соработуваме и славиме победа во нашето Скопје! Ја имаме поддршката и знаењето. Со целото срце и сила за победа над застојот, стагнациите, блокадите.