Мицкоски истакна дека на својата прва средба со Арсовска препознал исклучително мотивирана и храбра личност.

-На нашата прва средба со Данела Арсовска, во неа препознав исклучително мотивиран и храбар лик, којшто е подготвен да се фати во костец со проблемите и да ги решава, на анкетите го препознавме и увидовме потенцијалот којшто таа го поседува, зборувам нумерички во поддршката која ја ужива кај граѓаните, и тоа кај оние граѓани кои се надвор од партиските матрици, без разлика дали е тоа ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или друга партија, зборувам и за оние кои не се сигурни во кого би гласале, како и во оние етникуми кои се различни од македонскиот, а се дел од градот Скопје, тие препознаа човек кој може да обедини, истакна Мицкоски.

Тој вели дека сето ова го мотивирало ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ги гради односите со кандидатката за градоначалник, која е дел од тимот на обучувачи на кадрите од земјите Г20 групата на најразвиените земји во светот, и кога сето ова ќе се стави во нејзиниот профил таа е вистински победник.