На новинарско прашање за тоа како тој гледа на она што вчера го објави првиот регулатор во врска со општините кои формирале јавни претпријатија и преку нив наместо на слободниот на слободниот пазар стигнале до користењето на електрична енергија по поевтина цена за улично осветлување и дали тоа според него има основа тоа да го прави локалната самоуправа, дали може да се толкува дека на некој начин го злоупотребиле, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека тука нема ништо спорно туку јавните претпријатија на општините ќе се грижат за јавното осветлување, тие се тие кои што ќе стопанисуваат а парите ќе ги вложуваат за проекти кои што се од интерес на граѓаните како улици, канализации, водоводи, реновирање на градинки, училишта.

-Ќе се обидам да ви објаснам. Законот за енергетика е јасен. Од слободниот пазар се компаниите или институциите кои што годишно остваруваат профит поголем од два милиони евра односно обрт на средства и имаат повеќе од 50 вработени. Тогаш тие по пат на автоматизам приоѓаат на слободниот пазар и таму купуваат струја. Сите компании кои што во случајот немаат обрт поголем од два милиони евра и 50 вработени се на условно кажано регулираниот пазар и ЕВН фонд ги снабдува со регулирана цена која што ја дава Регулаторната комисија за енергетика. Општините во Македонија а тоа се неколку такви, еве ќе ви дадам пример, Штип, Охрид мислам дека и Валандово, Куманово итн. веќе имаат јавно-приватно партнерство со компанија која што има за задача да ги смени сијалиците во општината со енергетски ефикасни и на тоа право полага потоа да ги собира таксите од граѓаните во таа општина кои што граѓаните ги плаќаат преку сметките за јавно осветлување и тоа го дава оваа регулаторна комисија и тогаш обврската на општината е пренесена на тоа приватно лице. Еве ќе ви дадам едно такво приватно лице, слободно испитајте исто така тоа лице е вмешано и со фарма бизнисот односно е лице кое што доаѓа од еден град од југозападна Македонија и кое што сега брзо стана ко-сопственик на една веледрогерија а зошто е ова лице познато во јавноста ќе ви стане познато, се доведуваше во врска со поранешниот министер за здравство и поранешниот премиер. И тоа го направило оваа регулаторна комисија и ова ЕВН го направило односно ова ЕВН кое им дало дозвола да се префрли правото на броилото од општината на тоа приватно лице. Парите кои што тоа приватно лице ги собира од граѓаните се огромни, милиони се годишно. Е сега општините велат вака, бидејќи ние имавме избори во октомври-ноември, веќе во декември-јануари сите компании ни ги раскинаа договорите, нови компании не се пријавуваат а согласно закон вие морате да обезбедите електрична енергија а како ја обезбедуваат, преку снабдувачот во краен случај кој според правилникот снабдува електрична енергија по цена купец плус 50 проценти. И сега што се случува тука, тој волумен што го собира ЕВН на пари го декларира во регулаторна и регулаторна е таа кој што треба да одреди дали треба повеќе или помалку пари, а тоа е огромен волумен на пари, значи овие 250 евра плус 50 проценти, тоа 375 евра, и општините сега веќе немаат пари и викаат вака, ние имаме јавни претпријатија, тие ќе се грижат за јавното осветлување, тие се тие кои што ќе стопанисуваат а парите ние ќе ги вложиме за проекти кои што се од интерес на граѓаните тоа е улици, канализации, водоводи, реновирање на градинки, училишта бидејќи тоа не го прави државата. И тука не ги двојам општините на ВМРО, СДСМ, ДУИ, Алијанса, зборувам за сите. И сега дали е тоа исправно? Да. Дали е законски, да, дали е етички морално, да, дали е некој кој што требало да произведе, бидејќи ако оние произвеле овие 90 гигавајт часови се само еден процент, ако овие произвеле еден терават часови повеќе тогаш ние ќе немавме таков проблем. За жал тие се обидуваат да ги испљачкаат граѓаните, тоа е најголемиот проблем, рече Мицкоски.