Зборувајќи за судството и пропустите кои ги прави оваа власт Мицкоски напомена дека има случаи кои се водат насилно.

– Случајот „Талир“ се води на насилен пат, за сметката и имотот на ВМРО-ДПМНЕ да бидат блокирани и Заев да има некаква предност на избори, зошто друга предност нема, појасни Мицкоски.

Според него Заев нема визија, има на располагање само судии кои му слугуваат, поткуп, брутален поткуп, се земаат провизии.

– Тоа е начинот на кој функционираше во Струмица така функционира и како премиер, рече Мицкоски.

Тој заклучи дека Заев немајќи визија сака само да му нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ.