Честитка до граѓаните на Македонија по повод празникот на независноста упати премиерот Христијан Мицкоски. Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата кои денес се најважните проблеми против кои се бориме.
Секој атом од силите да го вложиме во градба на иднина каква заслужува секој еден човек. Овој пат државата е на потег и неа ја враќаме на народот.
Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија. Општество кое ќе одговара на реалните потреби и ќе нуди реални решенија. Да си ги зачуваме луѓето овде во нашата татковина. Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни.
Ова е нашата заедничка битка. Заедно се бориме и заедно ќе успееме, пишува премиерот Мицкоски.