– И тука нема етничка поделба на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци итн. Оваа земја е наша, и ако ние си ја сакаме оваа наша земја ќе мора да се грижиме на ваков начин ако сакаме да одиме напред. Со проститутки, марихуана и распродажба на земјиште земјоделско нема да одиме напред, појасни Мицкоски.

Тој додаде дека тоа го покажуваат и бројките, Македонија е -2% пад на БДП во првиот квартал во оваа година. Значи рецесијата продолжува и во првиот квартал.

– Битката на секоја опозиција е да има предвремени парламентарни избори, тоа го прави и ВМРО-ДПМНЕ. Се бориме, преговараме, разговараме, нормално е тоа. Жилави сме ние, не се откажуваме. И ќе продолжиме понатаму да се бориме да се создаде ново парламентарно мнозинство, да имаме предвремени парламентарни избори, час поскоро. За тоа што тоа е и патриотски чин, не е само политизирање и наше партиско барање. Тоа е патриотки чин за тоа што не ја бива оваа работа. Еве со било кој разговарате и ќе ви каже дека работата не ја чини, не ја бива. Работата е многу лоша и никогаш не било полошо. Колку и да сакаат со розови очила да ја престават работата, не е така, појасни Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ апелираше до македонските граѓани да знаат дека и на овие избори СДСМ повторно ќе оди со поткуп.

– Едноставно е од власта многу пари покрадоа, и мислат дека со поткуп ќе водат политика. Многу функционери од власта ќе делат поткуп и ќе им приоѓаат на луѓето, дури и институционален поткуп ќе се обидат , не знам К-15, повторно ваучери за одмори. Еве читам распишале огласи, сето тоа ќе се случи, но тоа не смее да ни биде единствената програма врз основа на која што ќе одлучиме некому да дадеме глас. За тоа што ваучерот ќе се потроши, поткупот ќе трае неколку дена, но последиците ќе останат следните 4 години, нагласи тој.

Мицкоски посочи дека овие избори ќе бидат клучни и граѓаните не треба да седат дома туку да излезат сите масовно и да ги казнат градоначалниците на СДСМ. Ова се избори каде што се одлучува дали Заев ќе продолжи да ја пустоши Македонија или за Македонија која вистински ќе споделува европски вредности.