Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето вклучување во вестите на Алфа зборуваше за неговата посета во Ротердам односно за неговиот заклучок од изборниот конгрес и самитите кои се случуваа таму.
Тој посочи дека во Ротердам го пренел сето она кое ВМРО-ДПМНЕ го комуницира со јавноста во однос на состојбата во која се наоѓа Македонија.
-Можам да кажам дека фокусот е на ова кое што се случува во Украина, иако ние сме премногу мали за да можеме да измениме во геостратешка смисла и логично е да ги промовираме проблемите кои се за нас важни, односно за нашите граѓани кои што се важни, а тоа е прво лошата економска состојба во државата. Второ стопираниот или блокираниот или условно да кажам европски пат за нашите граѓани и за нашата Македонија. Очигледно дека се подготвува една нова капитулација од страна на Владата на Ковачевски, но не сум оптимиста дека сепак од другата страна има соодветен соговорник, иако кога би било тоа до нашата влада и до Ковачевски мислам дека доволно е на бел лист хартија да се сето тоа потпише. Но, она што сите овдека посебно ги интересира што во Македонија е нивото на корупцијата, степенот на владеењето на правото, функционалноста на институциите и тука нормално она кое што ВМРО-ДПМНЕ го комуницира со јавноста, јас практично го пренесов и овде. Поддршка имаме, апсолутна и тоа се гледа, рече претседателот Мицкоски.
Мицкоски во текот на своето гостување истакна и за лошата економска состојба во државата и неспособноста на Владата да се справи со неа.
-Но, она кое што ме загрижува е навистина лошата економска ситуација и неможноста на Владата да се справи со таа економска ситуација, најпрвин беше енергетската капитулација, го гледавме како се пењави оној претседател на Регулаторната Комисија за енергетика најавувајќи дека минимум 10% ќе бидат сметките за електрична енергија повисоки од 1 јули. Сега гледаме како Владата се однесува насилнички кон граѓаните, ќе повторам игнорирајќи го предлогот од ВМРО-ДПМНЕ, даночната стапка да речеме за определени артикли да биде продолжена, да не биде укинета овластената даночна стапка, како што е сега тоа случајот, исто и за горивата се однесува редици бевме и сведоци како во 90-тите, како во времето на транзицијата. Навистина една лоша слика доаѓа од земја, кандидат за членка во ЕУ, Онаа посебно во услови кога ние тука сме да лобираме тоа побрзо да се случи. Уште за време на овој Европски Совет кој што ќе се случува во јуни месец, така што тоа се генералните теми со кои се соочува Европската Народна партија, но и она кое што е важно за нас како ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, и она кое што е важно за граѓаните, додаде Мицкоски.