Мицкоски истакна дека очекува кога Пендаровски ќе се врати од неговото патување, според тоа што се договориле на последната средба, да го повика на средба и да го брифира за што разговарале со Радев.

– Ако оптимизмот се должи на дополнителни национални концесии и отстапки тогаш мојата порака до Пендаровски, Заев и останатите политичари во Македонија е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ниту една реченица која може да биде сфатена двосмислено, а која што дополнително ќе значи национални отстапки и концесии за македонскиот народ и нашата држава, рече Мицкоски.

Додаде дека неговата партија тој договор нема да го поддржува и по создавањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, договорот нема да биде почитуван.

– Ги предупредувам политичарите во Македонија кои заговараат договор со дополнителни национални отстапки на грбот на македонскиот народ и на македонската држава, дека ние немаме намера такви отстапки да поддржиме и веднаш по промената на власта, таквиот договор ќе биде напуштен.

Слушнете го целото интервју на Мицкоски: