Тоа е мојата порака која што ја кажувам често пати и во Македонија каде што имам настани и говори, дека како што се обединивме сите околу случајот со Украина и агресијата таму, така треба да се обединиме сите околу случајот за Македонија и политичката агресија која што се врши околу нашата Македонија, македонскиот народ и граѓаните на Македонија од една наша соседна држава. На граѓаните им е јасно за која држава станува збор. Мислам дека таа порака допре до сите присутни во салата и според она кое што можев да го слушнам после моето обраќање и од коментарите кои што потоа ми ги пренесоа дел од делегатите и луѓето присутни во салата. И ценам дека треба што почесто на овој начин да разговараме низ Европа и низ светот, и да ги промовираме нашите македонски вредности, и да ги промовираме нашите интереси“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во изјава за вести на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека е потребно промовирање на македонските интереси во Европа и светот. Тоа е таа порака која што политичарите треба да ја испраќаат во Европа, дека Македонија заслужува да ги отпочне конечно преговорите со ЕУ.

Заслужуваме да ги почнеме конечно преговорите со ЕУ. И ценам дека тоа може наредно да се случи за време на Европскиот совет кој што ќе се случува нели помеѓу 22-24 јуни. ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за националните интереси секогаш како партија и јас како човек сме биле во одбрана на истите и така ќе продолжиме. Наш главен национален приоритет во моментот е да ги почнеме тие преговори, без се разбира дополнителна национална капитулација како што тоа беше во минатото кога Владата ја предводеше Зоран Заев, и најавата која што следи од оваа Влада која што ја предводи Ковачевски. И убеден сум дека без било какви понижувачки отстапки европските вредности ќе преовладуваат и Македонија ќе ги отпочне преговорите во јуни“, нагласи Мицкоски.