Објавата на Мицкоски ви ја пренесуваме во целост:
ВАЖНО: Брутална пљачка на народот!
Регулаторна комисија на седницата одржана на 3 август ги зголеми цените на нафтата и бензините. Како?
Ако се споредат одлуката на Регулаторна од 3 август (слика 1 и 2) и одлуката од 26 јули (слика 3) член 7, ќе се заклучи дека акцизата за дизел горивото е зголемена од 15,5 на 17,5 денари за литар, дополнително на тоа се додава и 18% данок на додадена вредност. Граѓаните и стопанството поради овој криминален потег на Регулаторна, по налог на коалицијата СДСМ/ДУИ ќе плаќаат поскапо дизел гориво.
Шверцерска одлука со која се пљачкаат граѓаните и стопанството. Зошто ова се прави сега? Едноставно е … немаат пари за институционален поткуп, ги потрошија за скапи проекти со големи провизии.
Почитувани сограѓани,
Поткупот ќе оди на следниот начин, прво ќе плаќате сите поскапо гориво поради поскапата акциза. Парите ќе завршат во буџетот, а потоа истите преку министерството за труд и социјала, заедно со кандидатите за градоначалници од власта ќе ви поделат социјални пакети и патем ќе побараат поддршка за следните локални избори.
Што треба да направите? Земете се што ќе ви нудат, тоа се ваши пари кои ги украдоа, а потоа Ваша е одлуката, дали ќе продолжат со овој криминал, корупција, понижувања, срам, безидејност, лаги со СДСМ или ќе ни дадете шанса да покажеме дека ние/вие и Македонија можеме многу подобро!, напиша Мицкоски на Фејсбук.
ВАЖНО: Брутална пљачка на народот!
Регулаторна комисија на седницата одржана на 3 август ги зголеми цените на нафтата и…
Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, August 5, 2021