Во однос на оставката на секретарот Драги Рашковски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, вели дека  оставка треба да си поднесе цела криминална Влада, а Драги Рашкоски  оддамна треба да биде таму каде што припаѓа, односно  во затвор.

Не може службеник со плата од неколкју стотици евра и професор на факултет да поседува и  да гради хациенда и да летува во Мексико во ек на пандемија , и да се вози со нови џипови ако се негови, така објавија медиумите. Ако сето ова се потврди дека е точно, ова е уште еден срам и блам на оваа Влада. Оваа лице (Драги Рашкоски) беше  едно од најблиските соработници на Владата, тогаш којзне што се случува со овие другите, срамота е ова што се случува.  Она кое  што можам да кажам е дека се срамам што вакви луѓе се мои колеги иако сме на различни факултети“ изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ, по средбата на УП на МАСИТ.