– Јас со Палмер се слушнав наредниот ден петок и разговаравме за повеќе теми, кои што се актуелни во земјата, како ковид-пандемијата, законот за државјанство, пописот, односите со Бугарија…, потенцира Мицкоски.
За лидерската средба со Заев, тој вели целта им била да спасат што повеќе човечки животи.
– Успеавме на момент да влееме доверба кога политичарите можат да бидат надвор од нивната матрица, посочи Мицкоски.