-Кога ќе ги видите митинзите на кои Зоран Заев и оние мали зоранчиња кандидати за градоначалници од СДСМ како зборуваат ќе си речете биле во опозиција 4 години, а не на власт. Се чудам и не можам да се изначудам колку се вешти во лажењето, не можам да се изначудам на глупоста и дрскоста која ја кажуваат, рече Мицкоски.

Тој посочи дека токму тие лица од СДСМ мислат дека ова е периодот кога тие беа во опозиција и сега ние сме заборавиле дека 4 години пустошат, пљачкаат, лажат и се што можат да распродадат распродаваат.

-Секој почеток на нивен митинг се чудам како може истите фрази, истите работи да ги кажуваат, и си го поставувам тоа прашање, а во одредена мера велам како е можно да се подготвуваат овие луѓе пред нивните настапи на митизните. Еден мој пријател ми вели – Христијан едноставно, седат на маса звони телефонот на Зоран Заев тој ја крева слушалицата и вели да повели, од другата страна Забрчанец му вика шефе кога ќе излезеш на бина викај погласно да те слушаат или Љупчо путерот кога ќе ти каже дека фатил не 29 кила путер, туку 290 тони расипан путер нашол, викај за да не слушнат колку си исплашен од тоа што ќе се случи на 17 октомври, рече Мицкоски.

А на 17 октомври, додаде Мицкоски, ќе се случи нивниот кошмар, нивниот најголем пораз, а потоа следи нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.