Таа заедно со сега веќе градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше средба со граѓаните, каде ги слушна нивните проблеми и што тие сметаат дека е неопходно за подобар живот во нивното место.
На Скопје му требаат длабоки промени и создавање на нова иднина. Данела Арсовска е вистинскиот избор за градоначалник на Скопје. Заокружете го бројот 82 за модерно Скопје, за Скопје со многу проекти за секого. За човек кој ќе биде менаџер на градот – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вечерашниот митинг во Лисиче.