За време на дискусијата со грчката претседателка Кетрин Сакеларопулу пред претставниците на медиумите за динамиката на вакцинирање во Грција, Мицотакис и претседателката се согласија дека е потребно мнозинството грчки граѓани да бидат вакцинирани.
Премиерот истакна дека распространетата делта варијанта на коронавирусот е позаразна од оригиналниот вид, поради што „сега е поважно од кога било порано сите Грци што тоа можат да го сорат и да се вакцинираат“.
– Државата има право да бара од сите граѓани да дадат свој придонес и на тој начин да демонстрираат социјална и национална солидарност, истакна Мицотакис, повикувајќи се на членот 25, став 4 од грчкиот Устав.
Тој рече дека пандемијата е битка во која „оваа генерација мора да победи“ и истакна дека е морална обврска на секој граѓанин да се вакцинира и со тоа да изрази индивидуална одговорност во заедничката борба против вирусот.