На 19.06.2022 околу 20:50 часот кај клучка Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало.

По кратко време возилото било пронајдено на патот и во него биле затекнати три лица – мигранти од Сирија. Мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.