– Таа ми посочи ден, место и време кога ќе се основа „Меѓународен сојуз“. Местото беше во МСУ, лето 2017 година. Симпатично бев изненадена од лицата кои присуствуваа. Тука и се запознав со Бојан Јовановски, Јасна Мандиќ и Кристина Блажевска, изјави Тодоровска.
Сведокот Тодоровска, во продолжение на сведочењето, рече дека од кога се запознала со Бојан Јовановски, го потпишала договор за соработка меѓу неа и невладината „Меѓународен сојуз“ Скопје.
– Ја потпишав само последната страна. Јасна ми рече дека осум е часот и дека ќе го види утре. Неколку пати барав да го видам, но никогаш немаше време, рече Тодоровска.
Таа посочи дека овој договор ќе се реализирал кога ќе се појави ивеститор. Сведокот посочи дека после некое време потпишала договор и пред-договор со Силјан Мицевски, односно само преддоговор со ,,Дрим билдинг”.
Авторката на проектите за Домовите за стари лица, сведокот Лилјана Тодоровска, кажа дека била повикана во Финансиската полиција и обвинителството, во однос на наведените проекти и исплатата на пари.
– Финансиска полиција утврди дека нема финансиски криминал. Потоа исказ дадов и пред обвинителот Наум. Тој утврди дека се е во ред со договорите и дека нема финансиски криминал. Јасна, тука праша за колку време може да ги подигнеме парите, тој рече за 15 дена. Бидејќи имав собраќајка, Јасна и Кристина дојдоа и ме земаа и отидовме во банка. Износот на парите што требаше да ги подигнеме не ми беше познат. Се потпишав на уплатниците, не се сеќавам на износот. Со мене беше Кристина, а Јасна остана надвор. Во банка имав денарска сметка, рече Тодоровска.
Одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски, адвокатот Сашо Дуковски, на сведокот ѝ предочи документ од банка во износ од 45 милиони денари кои биле на нејзината банкарска сметка и побара објаснување дали таа има една банкарска сметка.
– Да, од овие средства 45 илјади денари беа одбиени за покривање на мојот кредит, појасни Тодоровска.
Таа додаде дека 700 илјади евра завршиле во торбата на Кристина Блажевска.
Исто така, Тодоровска, посочи дека авторското право не го отстапила на невладината ,,Меѓународен сојуз”, туку само новото име што го додале.
На ова рочиште беше спомнат и поранешниот пратеник Александар Кирацовски. Обвинетиот Бојан Јовановски, побара одговор од сведокот дали од Кирацоски, барала вработување на нејзиниот син. Но, судот не дозволи одговор на ова прашање. Приватната средба со лицето Силјан Мицевски, ја образложи со кажување на целата вистина за случајот, по што следеле погрдни зборови од Јасна Мандиќ и Кристина Блажевска.
Тодоровска, во оваа прилика кажа дека нејзините проекти првпат ѝ ги преставила на владата во 2012 година.
Обвинетата Јасна Мандиќ, побара од сведокот да појасни како давала исказ пред јавниот обвинител.
– Јас зборував со обвинителот, вие стоевте позади, рече Тодоровска.
По оваа изјава обвинетата Мандиќ, побара од судот да изврши увид во списите на обвинителство и да се утврди вистината.
На крај на судењето одбраната на обвинетата Мандиќ, приговараше на дел од изнесеното од сведокот, со образложение дека тоа што го кажа не е дел од обвинението.