Миле Зечевиќ синојка се закани со зборовите “Ќе ги прегазиме сите кои ќе ни застанат на патот.”.
Искрено, немам намера на ваков очигледен простак да му објаснувам што е демократија, но оваа изјава ја нотирам за вас попаметните.

Љупчо ЗЛАТЕВ

Со овој став на СДСМ тие директно ни признаваат дека немаат никаков легитимитет, дека никој не ги избрал и дека не ни имаат намера на демократски начин да ја задржат власта. Со оваа изјава на Зечевиќ, кој еве ќе не прегазувал, СДСМ признава дека нивна денешна идеологија е црвенокмерството а не демократијата. Со ова СДСМ јасно ни дава до знаење нешто што оддамна го знаеме, дека не ги интересира ништо друго освен власта, независно како ќе ја добијат и како ќе ја задржат.
Вечниот приправник Зечевиќ е најмал проблем за нашето општество, единствено е проблем за оние кои му веруваат во аурата дека е способен да спроведе било што. Воопшто не се плашам од ваков егземплар на шарлатанството, нискиот квалитет на образованието и културата. Од овој човек не се плашам затоа што познавајќи ја неговата природа јасно ми е дека тој единствено може да си ги прегази врвките, мене тешко… Се плашам од нешто друго, а тоа е идеологијата која СДСМ им ја всадува на своите идни генерации, на кои константно им се пере мозокот со вакви радикални тврдења од периодите пред шарената револуција па наваму.

Менталниот склоп на просечниот клиентелистички настроен сдсмовец е на ниво на секта која смета дека некого може и има право да прегази. Затоа што на сите релевантни анкети се покажува дека процентот на поддржувачи на оваа партија константно паѓа, колку помалку се, толку позалудени ќе стануваат.

Затоа внимателно, еден ден ќе треба овие млади луѓе да ги вадиме од заблудата, да им објаснуваме дека во современиот свет никој, никого не прегазува… Овие луѓе ке треба да ги рехабилитираме од Заевизмот, да ги разбудиме од лагата! Да им објасним дека не е воопшто страшно со некого да не се согласиш.

А простакот Миле Зечевиќ, нема потреба да го рехабилитираме. Тој по падот на оваа власт ќе си се врати на функцијата приправник во канцеларијата на неговиот татко (затоа што е неспособен да положи правосуден испит преку кој конечно ќе стане адвокат, дури и кога има врски.). Како хоби, исто како и претходниот пат, ќе го има тастерисувањето на службите на кои ќе им ги црта сите криминални шеми во кои учествувале неговите партиски соработници, за да се спаси од своите криминали… И така среќно ќе живееме во една демократска Македонија во која никој никого не прегазува..