Покачените плати на функционерите граѓаните ќе ги чини 80 милиони денари месечно или близу 1 милијарда годишно.
Над 1000 именувани функционери, меѓу кои шефот на државата, премиерот, спикерот, министрите, нивните заменици, пратениците, судиите, јавните обвинители, директорите и градоначалниците од месецов добија по 1000 евра повеќе на своите сметки.
Министерот Бесими вели дека овие пари не се предвидени во буџетот за годинава, туку дека секоја институција ќе крати средства од други ставки. Одлуката на Уставен мора да се почитува.
„Се врши пренамена од други позиции. До крајот на годината во однос на ова законско решение, ќе треба да го примениме законот. Секоја институција треба да си направи пресметка. Овие пари ги нема во буџетот бидејќи не е план на Владата туку одлука на Уставен суд“, вели Бесими.
Со 166 000 денари спикерот Џафери е најплатен функционер во државата, веднаш зад него е Пендаровски со 165 илајди, а на трето место премиерот со 2500 евра месечно.
Најавите за законски измени кои треба да намалат месечните примања на функционерите засега се само декларативни. Ниту власта ниту опозиицјата не поднесува конкретна иницијатива.