Претставникот на фабриката за муниција Текнос Хуан Ибарола изјави дека двата шлепери натоварени со муниција биле пресретнати на авотпат.
Сепак, Ибарола тврди дека мексиканските наркокартели, кои се сомничат за овој грабеж, нема да има многу корист, бидејќи се работи за малокалибарска муниција.
Мексиканските медиуми тврдат дека наркокартелите главно употребуваат автоматски пушки „калашников“ и американски јуришни пушки „Ар-15“, како и пиштоли со калибар од девет милиметри.
– Тие оружјето од овој калибар не го користат, изјави Ибарола
Транспортот на муницијата го обезбедувала компанија која нема врска со полицијата, а возачите се пронајдени кратко по грабежот, неповредени.