Тој ја начна и темата за промените во образованието кои што министерката Царовска се обидува да ги спроведе и покрај гласните негодувања од засегнатите.

– Децата се бунтуваат. Нивните родители се бунтуваат. Денеска има најави дека ќе бојкотираат. Вчера во најелитните скопски училишта имало бојкот. дали е тоа исправно, не е мое да толкувам, меѓутоа јасно е дека кога насилно се наметнува концепт, отпорот е неминовен. На отпорот се одговара со пресинг, со притисоци, рече Милосављевиќ.

Според неговите информации од родител на средношколец, учениците сами се организирале, бидејќи не сакаат да го прифатат новиот концепт.

– Во средните училишта, класните им се јавиле на учениците да се појават на настава, откако одбиле известени биле директорите, по што биле повикани претседателите на класовите итно, со закана ако не се вратат веднаш на часови ќе следат санкции, потоа уште поригорозни санкции, пососчи Милосављевиќ.

Тој вели дека не суди, но смета дека со притисок и наметнувања на нешто коешто очигледно не му се допаѓа на најголемиот дел од популацијата не може да вроди плод.

– Во држава којашто деца немаат компјутери, во држава во којашто нема нормален тоалет, нема фасади, кога врне дожд капе, собираат вода во кофи да зборуваш за е-образование е дегутантно. Меѓутоа, министерката Царовска решила да ја следи својата замисла и не ја инѕтересира што мисли јавноста, не ја интересира што мислат учениците и нивните родители. Таа го тера својот концепт, посочи новинарот.