„Токму последиците од преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДС, напротив имавме кампања за бесплатно здравство, отворени врати кон ЕУ, бесплатни вакцини, стипенди итн., на крајот, после тој референдум на којшто дојдоа и германската канцеларка Меркел, австрискиот канцелар, британската канцеларка, тогаш Велика Британија беше членка на ЕУ, наместо отворање на преговори добивме вето“, истакна Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, на вчерашното гостување во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24.

Пратеникот Милошоски дискутираше за евроинтегративниот процес на државата и посочи дека идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции, со цел реален напредок кон ЕУ.

„Поучени од ова разочарување и од ова брзоплето прифаќање на такви обврски и потоа не стигнување до целта и до доаѓање до едно разочарување во целото општество, сметаме дека не треба да се продолжи на истиот брзоплет начин по однос на преземените обврски од страна на Ковачевски и Бујар Османи кон соседна Бугарија“, рече Милошоски.