„Поврзано со кадровските поместувања во СДСМ јас би кажал само две констатации. Првата е дека партијата која што во изминативе четири години смени три министри за финансии дава сигнал дека нема концепт за економски реформи. Втората работа која што е загрижувачка во Европа не се случува главниот директор на државната управна агенција за собирање на даноци на УЈП да биде и партиски човек или послушник на премиерот. Обично директорите на УЈП во земјите членки на европската унија се лица со интегритет кој што си ја вршат својата задача кон сите стопански субјекти подеднакво независно од партиската припадност, овде испаѓа дека кој е поблизок со фирмите на Заев или со фирмите на ДУИ дека тој добива награда да биде партиски заменик претседател. Затоа сметам дека ваквиот чекор дополнително ќе го влоши рангирањето на Македонија кое што во моментот е на 111-то место на листата на „Транспаренси Интернешнл“ за борба против корупцијата“, нагласи Милошоски.