– Во Скопје најголем дел од кандидатите на СДСМ мораа да имаат претходно некој од родителите да бил висок функционер во СДСМ како предуслов за тие да бидат кандидати сега се повторува со изборот на новиот претседател во СДСМ бидејќи тој е син на господинот Ковачевски кој што беше во два мандати градоначалник на Куманово и потоа амбасадор назначен од владата на СДСМ во Подгорица., во Црна Гора. И веројатно тоа е една од препораките, референците во СДСМ како се станува висок партиски функционер ако некој од родителите во времето на транзицијата и од претходниот период бил висок функционер во СДСМ во време на позиција. И сметам дека на овој начин само ќе се задржи истиот систем на функционирање на партијата без разлика на името и презимето на поединци кои можат да бидат помалку или повеќе познати за јавноста, рече Милошоски.
Милошоски додаде дека системот на Заевизам најверојатно ќе се задржи и по неговото заминување од власт и СДСМ.
– Ќе споменам неколку примери, прво едниот пример е со дипломатијата. Во дипломатијата заевизам значи кога пет години секој ден повторувате дека САД ви се стратешки партнер, а пет години немате амбасадор во Вашингтон. Тоа е дефиниција за заевизам во дипломатијата каде што во земјата каде што имаме потпишано документ за стратешко партнерство 2008 година сега имаме празно амбасадорско столче пет години. И за да биде би рекол дипломатскиот срам поголем за Македонија е и самата номинација, тоа што за првпат при сама номинација на кандидат за амбасадор во Вашингтон, кај Заев и системот на заевизмот преовладеа вредноста клиентелизам го назначија професорот Љубомир Фрчковски и за првпат во историјата на Македонија ни се случува официјален Вашингтон официјално да ни врати назад порака дека тој не е пожелен да биде дипломат и амбасадор на Македонија во Вашингтон. И тоа е навистина непријатно за една држава со која што сите сме имале намера чекор по чекор да ги надградуваме тие стратешки односи и релации, појасни Милошоски.
Милошоски посочи дека втора работа на системот заевизам во дипломатијата е што четири години се зборува за регионална соработка, за Мини Шенген, за Отворен Балкан, за зголемување на трговијата и инвестициите со соседите, а истовремено се нема амбасадори ниту во Србија, ниту во Бугарија, ниту во Турција. За Македонија економски гледано и трговски гледано и Србија, и Бугарија, и Турција се значајни стопански партнери, а тоа што се нема амбасадори во Софија, во Анкара и во Белград е хендикеп за Република Македонија и за македонското стопанство кое што пропушта прилики да биде подобро затапено на пазарот.
– Да ги споменам и другите некои се членки на НАТО, некои се постојани членки на Совет за безбедност, некои се земји кои што имаат сериозно влијание како Канада, Бразил, Кралството Белгија, Кина, Израел, Египет, се земјите каде што исто така Владата четири години не може да се усогласи кој да биде амбасадор на овие места и особено ќе го потенцирам уште еднаш позицијата во Вашингтон амбасадорското место, тоа значи дека несогласувањето помеѓу ДУИ, СДСМ, ЛДП, ДОМ, Павле Трајанов, кои и да се коалициони партнери во оваа актуелна Влада е поголемо од интересот на државата да имаме пополнети амбасади и амбасадор во Вашингтон, укажа Милошоски.
Милошоски нагласи дека за првпат после долги години, можеби после 22-3 години се случува во Македонија во енергетскиот систем заради недомаќинско работење и системот на заевизмот во РЕК Битола се создаваа услови да за потребите на фамилијата на власта Заеви да изнесуваат јаловина и тоа под контроверзни услови. И во исто време да нема доволно производство на струја и во исто време да се најавува отпуштање на работници или прогласување на технолошки вишок или испраќање на принуден одмор. Во време кога сите држави во Европа дополнително инвестираат во зголемено производство на електрична енергија, во Македонија во РЕК Битола, Осломеј, и на други места се има отпуштање на вработени или нивно испраќање на принуден одмор.
– Концептот на заевизмот е се создаваат услови за работа на приватници кои што земаат тендери на сомнителен начин, преку директорот на ЕЛЕМ, а не се создаваат услови за поголемо производство на електрична енергија. И тоа резултира со испуштање на поголем број на вработени кои што беше најавено и потврдено од самата Дирекција на ЕЛЕМ, рече Милошоски.
Милошоски додаде дека третата работа која што сака да ја спомене е одговорноста или неодговорноста и самото функционирање на СДСМ, на заевизмот преку капиталните проекти и нивното неостварување, неостварување на капиталните проекти. Состојбата во државата, со економијата во Македонија е како патување со воз од Скопје до Битола. Се тргнува во толку и толку часот се очекува да се пристигне за два ипол часа, а се патува цел ден, тоа е заевизмот во Македонија.