Министерот за правда Кренар Лога најави забрзување на постапката за помилување на лицата кои ги прекршиле правилата на пандемијата, како една од итните мерки за ублажување на состојбата во затворите во земјава. Тој предупреди и на интервенции во затворот Идризово за проширување на просторите и подобрување на условите.

„Затворскиот систем е оптоварен и група пратеници во Собранието го презедоа потребното дејство пред јас да дојдам во министерството, побараа да бидат амнестирани сите кои донеле одлуки за прекршување на мерките за време на Ковид, бидејќи 200 лица сега одлежиле или се наоѓат во затвор, а над 300 други чекаат да одат во затвор. Тоа би ја отежнало оваа мерка. Во меѓувреме со директорот на затворите, денес, но и на две други средби што ги имавме минатата недела, предзедовме мерки тие да интервенираат со финансиски средства за да може дел од анекс што се користи за болнички работи да се претвори во затворска ќелија за овие лица да го добијат потребниот третман. Имав уште две-три средби со претставници на амбасадите и побарав да ни дадат донација за што побрзо да го решиме овој проблем бидејќи состојбата во затворите е навистина срамна за секоја земја, а особено за земја која утре претендира да е членка на Европската унија“, нагласува министерот Лога како што пренесе Министерството за правда.