Си-Ен-Ен и Вашингтон пост објавија дека администрацијата на Трамп тајно се обидувала да добие пристап до телефонските разговори на нивните новинари од 2017 година.
Њујорк Тајмс објави дека Министерството за правда под претседателство на Трамп и Џо Бајден водело „тајна правна битка за добивање е-маил кодови на четворица новинари од Њујорк Тајмс“, вклучително и следење на уредниците на тие медиуми.
Бајден минатиот месец рече дека ќе му забрани на Министерството да дојде до телефонски разговори или електронски пораки од новинари, велејќи дека тоа би било „едноставно погрешно“.
„Под раководство на претседателот, ова Министерство за правда ја менува својата долгогодишна пракса и нема присилно да бара извори на информации од членови на медиуми кои ја вршат својата работа во истрагите за протекување на податоци“, рече портпаролот на Министерството за правда Ентони Коли.
Трамп често се караше со новинарите и ги обвинуваше за „лажни вести“.