Преостанатите два меча на Мундијалот во Катар, оној за третото место денеска помеѓу Хрватска и Мароко, како и утрешното финале помеѓу Аргентина и Франција ќе започнат со минута молчење по повод смртта на прославениот фудбалски ас Синиша Михајловиќ.
Тој вчера почина по долго боледување од леукемија, и фудбалскиот свет наоѓа секаков начин за да му ја оддаде должната почит на овој великан.
ФИФА и организаторот на Мундијалот автоматски се решија за ваков потег што наиде секако на одобрување на сите инволвирани.