Подобри услови на факултетите и во училиштата, меѓу другото, бараат студетите и учениците во Грција, кои денеска, во центарот на Атина, одржаа мирен и масовен протест, јави дописничката на МИА.
На протестот учествуваа и родители и просветни работници, кои ги поддржаа барањата на учениците и студентите за бесплатни студии, повеќе професори, повеќе простории за настава и предавања, достоинствен ученички и студентски живот, како и целосно подобрување на условите за студирање и учење.
Пред почетокот на протестот регираа од синдикатот на просветни работници поради камерите на полицајците, кои како што е пракса на сите демонстраци, ги снимаат протестите.
Пртетставникот на синдикатот истакна дека е неприфатливо снимањето бидејќи учетвуваат и ученици кои се малолетни, но реагираа и поради тоа што првично специјалните единици им го попречија патот и не им дозволија да излезат на улица за да го започнат маршот.
Кусо подоцна беше постигнат договор и протестот започна, продолжи и заврши мирно.
Фото: МИА