Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста! Напиша на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Денешниот ден е симбол за нашата слобода, самостојност и државност. Ден кога со гордост се навраќаме на одлуката на македонските граѓани да го исполнат својот вековен сон – самостојно да ја градат својата иднина и да создадат независна и суверена држава. 35 години подоцна, нашата обврска е поголема од чествувањето на минатото. Имаме генерациска должност да работиме за посилна, побезбедна и попросперитетна Македонија, држава која ќе создава можности за своите граѓани, ќе ги штити своите национални интереси и достоинствено ќе го зазема своето место меѓу европските партнери. Независноста не е само наследство од генерациите пред нас. Таа е одговорност што секојдневно ја носиме и обврска кон генерациите што доаѓаат, истакна Мисајловски.
Да живее Македонија! Порача Мисајловски.
