Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со скандалозното отворање на клубот именуван во Ванчо Михајлов во Битола, посочи дека официјалните лица, мислејќи на премиерот Ковачевски и Бујар Османи, ги нема ниту да гукнат на оваа тема. Тој исто така ги повика да кажат што тие мислат, бидејќи токму тие се оние кои треба да ја водат државата.

– Јас би кажал дека ова е срамно, човек што соработувал со фашистите, тој лик и дело да го славите, мислам дека тоа не води кон добрососедство. Замислете во позадина што се преговара за некој т.н. договор што се крие од јавноста и затоа го повикувам министерот за надворешни работи да појасни дали е ова добрососедство, дали ова треба да се случува или не треба да се случи договор.

Мисајловски ја повика власта да одговори дали се подготвува терен да нема договор и во вакви провокации да се тера т.н. добрососедство.

-Тие, како Бугарија може да си отвораат центри за што сакаат и тие дали ќе слават фашисти, администратори итн. Тоа е нивно право, но јас гледам тука што оние луѓе кои навидум се избрани од народот да кажат нешто. Не се работи дали се Бугари, Македонци или од кој било друг етникум ако некој соработувал со фашистите, не треба едноставно да има клубови за пријателство по негово име.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, поважно е да се види реципроцитет и зошто Македонците во Бугарија да не можат да отворат пријателски клуб?

– И тоа е многу сериозно прашање и јас често пати го говорам, реципроцитет мора да има. Има Македонци што живеат во Бугарија и тие се распознаваат како Македонци со својот дух, со својата историја и својот идентитет. Ако сакаме да бидеме Европа и да имаме заеднички пријатели и добри соседи, со вакви провокации никој не треба да се служи, рече Мисајловски.

Мисајловски истакна дека иако некој од власта сепак го осудил тоа, но сепак помогнал тој чин во Битола да се случи што можело да се види од тоа колку имало обезбедување, но целта е како што рече да застанат заедно и да направат заедничка изјава со која би кажале дека сето тоа е погрешно. Уште еднаш ги повика сите партии бидејќи и тие ова не го оправдуваат бидејќи не е во духот на пријателството.