Лидерите на Европска Унија денеска се договорија да се ангажираат за стабилизирање на ситуацијата во Босна и Херцеговина, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој додаде дека „лидерите во БиХ мора да покажат силна одлучност за спроведување на уставните и изборните реформи, кои се од витално значење за стабилноста и целосното функционирање на земјата“.

Лидерите на ЕУ исто така, побараа од босанските политичарите да ги „поддржат приоритетни реформи“ со цел земјата може да добие кандидатски статус.