Марија Митева истакна:

-Петре, Град Скопје не е кафана па да ја разработиш за два месеци во летниот период. Град Скопје бара посветеност, бара работа која никогаш не запира и Град Скопје заслужува развој, а не стагнација и предизборна еуфорија. Залудни се овие напори кои ги вложуваш во предизборието, скопјани имаат одлична меморија и не ги забораваат овие четири години на неработење, не ги забораваат ниту изливите на нервоза и ароганција како и уништувањето на зеленилото. Како што најавува Шилегов, оваа градежна офанзива ќе се одвива во сите 10 општини, што значи во секоја општина ќе се реконструира по само 1км од градските улици. Навистина, скопјани се фрапирани од ова твое “засилено” темпо. Она што го отсликува Шилегов е инфраструктурната стагнација, погрешните политики, како и лошите проекции за иднината и развојот на градот. Голем број на круцијални проекти останаа нереализирани, како што се тунелот под Кале, Универзалната сала, велосипедските патеки, спортските капацитети, спектакуларно најавуваниот зип лајн и така натаму, но тоа се само дел од предизборните лаги на Шилегов на кои многу скоро ќе им дојде крај

Таа додаде:

-Ние ги знаеме проблемите со кои се соочува Град Скопје, на нас останува истите да ги исправиме! Промените ќе започнат токму од Град Скопје, со заминувањето на Шилегов!