СДСМ веќе му даде поддршка на Петре Шилегов повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје, дали ВМРО ДПМНЕ уште еднаш ќе му го спротивстави Коце Трајановски или ќе има нов кандидат?

– Петре Шилегов е најлошото нешто кое му се случи на Скопје, по катастрофалниот земјотрес, човекот во фараонски манири ветуваше, а ништо од евтеното не исполни така што Шилегов и според мислењето на јавноста во Скопје било кој да му се спротивстави во моментов ќ биде подобар од него и ќе ги добие гласовите на скопјани. Во однос на внатрепартискиот избор на кандидати ВМРО-ДПМНЕ секогаш во однос на изборот на кандидати, колку тие ќе одговорат на потребите и ветеното кон граѓаните. Сеуште не се завршени конкретните детали за избор со коишто можеме да излеземе во јавноста, треба да поминат во партиските структури. Има и внатрешна и надворешна анкета кои се во тек и се испитува она коешто е капацитет на сите кандидати во сите општини, но и човечкиот капацитет на секој од кандидатите, можните кандидати кои што ќе можат да одговорат на она коешто ќе биде ветено пред граѓаните, вели Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес конференција.