Митева во текот на емисијата се осврна на темата за евроинтеграции каде што посочи дека Владата на Зоран Заев во текот на својот мандат истакна четири датуми дека Македонија ќе започне преговори со ЕУ, но од тие датуми ниту еден беше вистински.

-Најпрвин сакам да истакнам дека искрено жалам што ВМРО-ДПМНЕ ги предвиде настаните кои што ќе се случуваат, односно потенцираше дека е можно да дојде до ваков проблем согласно нели договорот од Бугарија. Јас колку што се сеќавам ние во минатото бевме сведоци дека Владата на СДСМ четири датуми ги дефинираше како датуми за почеток на преговори со ЕУ. Дури и успеав да ги издвојам, тоа се јуни 2018-тата година, 25 март 2019-та година, 30-ти април 2019-та година, и на 24-ти март вели – „Во исклучителен тежок момент за нашата држава за Европа и за целиот свет денес од Брисел ни пристигна убава и долгоочекувана вест, Република Македонија ги започнува преговорите за членство во ЕУ“, а денеска сме 12.05.2021 година и разговараме кои се проблемите и зошто Република Македонија не може да биде на патот кон ЕУ, рече Митева.

Митева додаде дека СДСМ направи многу клучни грешки во самиот процес за добивање на датум за преговори со ЕУ.

-Самиот договор со Бугарија има голем проблем со тоа што нема Бугарија никакви гаранции дека нема да го кочи патот на Република Македонија кон ЕУ. Второ, формирана е Комисија која што треба да одлучува за заедничката историја и токму сега го гледаме проблемот, каде што македонскиот идентитет и јазик се ставени на маса. Важно е дека оној кој што го создаде проблемот односно господинот Зоран Заев сега вели дека тој проблем треба да се тргне од масата. Јас мислам дека тој што треба да се тргне од масата е токму тој кој што го создаде проблемот, нагласи Митева.