Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во утринската емисија зборуваше за протестот кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го организира на 18 јуни и потенцираше дека токму на овој протестот граѓаните ќе кажат НЕ кон оваа Влада.

-Предвремените парламентарни избори се излезот од сите кризи кои СДСМ ги создаде. Во однос на протестот на 18 јуни мислам и ценам дека треба да се каже едногласно НЕ кон оваа Влада. Пред се мислам дека и овој протест ќе помине во мирна атмосфера, а пораката која што ќе биде упатена ќе ги освести овие од власта да седнат и да размислат дали е време да се случат предвремени парламентарни избори затоа што колку повеќе одолговлекуваат толку полоши ќе бидат нивните резултати на изборите кога и да се случат, рече Митева во своето гостување.

Митева во текот на своето гостување наброја само дел од многу причини поради кои е потребно оваа влада на СДСМ да си замине.

-Предвремени избори и зошто е премногу од оваа власт? Причините мислам дека сите добро ги знаеме, ќе започнам од катастрофалната економска состојба, од она што ни се случува на домашно поле по однос на инфлација, иако континуирано зборуваат дека е увезена извештаите покажуваат дека инфлацијата во еврозоната е 8%, а во Македонија е 11.9%. Тоа не е увезена инфлација. Ние имаме поскапи цени за храна, за гориво. Ние имаме најлош раст на БДП за разлика од оној кој го имаат државите во регионот, а и тие се во криза како и цел останат свет меѓутоа развојот на економијата оди во многу подруга насока за разлика од тоа што се случува во Македонија. Ние имавме убедливо најлошо справување со здравствената криза која што не знаеме дали уште е завршена, имавме најголема стапка на смртност. Ние имаме најкорумпирана влада. Имаме Влада која што се занимава со криминал корупција, која што го штити криминалот наспроти тоа дека треба да се бори против него. Ние имаме најлоша надворешна политика која некогаш била водена од страна на било која власт, македонските преговарачки позиции се нарушени. Ние имаме на дневна основа премногу понижувања. Само вчера на тоа што се случуваше од страна на еден премиер кој што иронично се насмевнува на шега која што воопшто не е смешна. Така што можам уште многу да зборувам и да кажувам, но јас сум сигурна дека граѓаните ќе го кажат своето на 18 јуни, истакна Митева.