Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ најави продолжување со засилено темпо и изрази поддршка за втор мандат за Коцев во Зрновци

Марија Митева, членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ја посети општина Зрновци. Таа порача дека партијата продолжува со уште позасилено темпо и даде поддршка за втор мандат за Коцев, актуелниот градоначалник.

„Денеска сме во посета на општина Зрновци. Не успеавме да посетиме две населени места, да разговараме со сограѓаните, да ги прифатиме оние кои се предизвиците коишто имаме можност да ги подобриме, но и да слушнеме што е она што сакаше да го стави во програмата на идниот градоначалник – актуелниот и иден кандидат господинот Борчо Коцев“, истакна Митева.

Таа нагласи дека досега се постигнати значајни резултати. Според неа тоа е причина да се продолжи со забрзаната динамика на промени.

„Успеавме да направиме навистина добри, одлични резултати. Зборувавме за тоа што сме реализирале и од делот на извршната власт. Помина повеќе од 13 месеци. Зборувавме за проектите, она што им значи на жителите на општина Зрновци – земјоделството, инфраструкутрата, платите на образовните и здравствените работници“, рече таа.

Според Митева, втора трка на Коцев би бил логичен след на успешната работа и продолжување на позитивните процеси што се започнати во Зрновци.

„Продолжуваме со уште позасилено темпо. Ги градиме темелите на промените. Претходно, во општина Зрновци, после овој четиригодишен успех на градоначалникот, очекуваме победа во првиот круг. Љубовта на народот е јасна. Втор мандат значи визија за подобар живот, за нови проекти и силна поддршка на граѓаните“, нагласи Митева.