Митевски додаде дека тој е горд што успеа со својот тим да го изгради најубавото и најмодерното основно училиште „Кочо Рацин“ во Петровец. Изградбата на ова училиште чинеше 87 милиони денари. Условите за учење се идеални.
– Ги реновиравме сите училишта на територија на општина Петровец, почнувајќи во Сушица завршувајќи до Катланово. Направивме спортски сали во Катланово, во Средно Коњари, во Петровец. Најголемиот проблем што го мачеше народот во Петровец почнувајќи од Петровец тоа беше канализацијата. Петровец во моментов односно денеска започнуваме да ја правиме последната улица бр. 22 со канализација, и веќе нема да има јами, веќе нема подземните води да бидат на ниво со земјата. Значи најгорливиот проблем е решен, појасни Митевски.
Митевски посочи дека жителите на општина Петровец ги имаат сите услови кои треба да ги имаат граѓаните во 21 век за нормално живеење.