На митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Петровец, актуелниот градоначланик и кандидат за нов мандат, Борче Митевски, истакна дека се’ што ветил исполнил, а сега ветува изградба на нов културен дом, нова општинска зграда, асфалтирање на преостанатите улици, спортски сали, пречистителни станици за отпадни води, две нови градинки, велосипедски патеки, за Петровец да стане европска општина.
Во иднина ќе продолжиме да се почитуваме како сограѓани, без разлика на верска или политичка определба, во изминативе години изградивме многу проекти, изградивме канализациони мрежи, пешачки патеки, санација на културниот дом во Сушица, месната заедница во Катланово и во Огњанци, поплочивме голем број улици, направивме три индустриски зони со што општина Петровец стана број еден општина по привлекување на нови инвестиции во Македонија, а со тоа ја направивме општината финансиски јака и стабилна – порача Митевски.
Митевски истакна дека ќе продолжи да го го реализира ветеното сега со уште поголеми нови проекти што ќе бидат реализирани.
Овде на ова место ќе изградиме нов културен дом, нова општинска зграда, ќе изградиме две нови градинки една во Ржаничино, една во Долно коњари, ќе изградиме во Огњанци нова спортска сала, ќе изградиме нови пречистителни станици за отпадни води во Петровец и во Ржаничино, во Средно Коњари ќе иградиме нова местна заедница, нови велосипедски патеки, ќе извршиме асфалтирање на сите преостанати улици во сите населена места – гарантира Митевски.
Тој исто така порача дека ќе се грижи за младината со поддршка на сите културно уметнички друштва, со нови велосипедски патеки, спортско-рекреативни патеки, проширување на неколку училишта со дополнителен број на училници, со спортски сали таму каде што нема, градинки и се она кое недостасува во Петровец.